-Гоце Делчев е еден од најистакнатите македонски национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Тој е деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на Македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Во националната меморија на македонскиот народ кукушанецот Ѓорѓи Николов Делчев или попознат како Гоце Делчев, останува запаметен како еден од најголемите македонски национални херои, кој го трасираше патот кон македонската државност и самобитност. Уште додека бил жив, народот го овековечил како „апостол и срце на револуционерна Македонија“.
– Гоце Делчев е симбол на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев!
– 153 години мотив, идеологија, непокор…
Слава му! , напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Максим Димитриевски.