Димитриевски: Да им овозможиме достоинствени услови за работа на новинарите и медиумските работници

-Новинарите мора да имаат подобри услови за работа, секогаш да можат слободно и без никакви притисоци, навреди и уцени да ја извршуваат својата професионална обврска. Убавината на демократијата значи вреднување на различни размислувања и подобрување на општествените процеси преку конструктивна критика.

Денешниот Светски ден на слободата на медиумите е потсетник никогаш да не скршнеме од тој пат. Да им овозможиме достоинствени услови за работа на сите новинари и медиумски работници, напиша градоначалникот Максим Димитриевски на социјалните мрежи по повод 03 Мај.

Коментари

коментар(и)