Димитриевски на средба со градоначалникот на Власотинце, Братислав Петровиќ

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со градоначалникот на општина Власотинце Братислав Петровиќ и неговиот тим по повод активностите на проектот „Подобри можности прилагодени на потребите на неразвиените подрачја“.

Овој проект се одвива со поддршка на Европската Унија (ИПА – Програма за прекугранична соработка помеѓу Србија и Македонија), а се спроведува во општините Лебане, Власотинце, Сурдулица, Куманово и Старо Нагоричане.

За таа цел Граѓанскиот центар „Активум” – Куманово организираше општински и национални иницијативи за локален развој. На средбата присуствуваа и претседателката на Советот на општината, Ивана Ѓорѓиевска, претставници на Занаетчиската комора и на општинската администрација.

Беше разговарано за реализираните проектни активности, како и можности за идна соработка помеѓу двете Општини во областите на земјоделство и занаетчиство, посочуваат од општина Куманово.

Коментари

коментар(и)