Од дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово ги издвојуваме настаните:
Полициски службеници вчера лишиле од слобода 35-годишен кумановец затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал на службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Вчера лишен од слобода бил и 41 -годишен жител на село Пчиња. При контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека тој возилото го управува под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,65 промили алкохол и дека има активна забрана.
Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода и 62-годишен кумановец бидејќи при контрола било утврдено дека управува мотокултиватор без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.