На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Братство Единство“ и ул.„Доне Божинов“ во Куманово, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Б.В. од с.Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, удрило во 54-годишната В.А. од Куманово и го напуштил местото, но набргу е пронајден во близина на местото на несреќата. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила В.А., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 11.11.2026 во 13:36 часот во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка е пријавено дека кај нив со повреди е донесен С.С.(55) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.11.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 38-годишен кумановец затоа што во населба Карпош во Куманово физички нападнал неколку малолетници, при што им нанел повреди со остар предмет. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.