По повод претстојното државно училишно првенство во пливање, кое ќе се одржи на 8 октомври годинава на градскиот базен, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во присуство со претседателката на Советот на Општината и претседателите на Општинскиот сојуз на спорт Куманово – ОССК и Општинскиот сојуз на училишен спорт, оствари средба со раководните лица од Федерацијата на училишен спорт на Македонија – ФУСМАК, претседателката Елена Мицковска и генералниот секретар, Глигор Христов.
„Пригодниот настан беше искористен за доделување на благодарница на градоначалникот Димитриевски, за неговата посветеност и континуирана поддршка на училишните спортови, која ја рангира Општина Куманово на престижното прво место во земјава“, информираат од Општина Куманово.