Еден нов случај на ковид -19 во Куманово, 133 на ниво на државата регистрира министерството за здравство во изминатото деноноќие.
Од вкупниот број на позитивни (133), регистрирани се 20 реинфекции. Евидентирани сe 156 оздравени пациенти од нив, шест лица се од Куманово.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струга (73г), починато во болнички услови, а пријавено на 08 април.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.752, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801.
Во Куманово од почетокот на епидемијата вкупиот број на заболени од коронавирусот изнесува 16.611, а активни се само седум случаи.