Еко акција во „Христијан Т.Карпош“ во Драгоманце

Ученици и наставници заедно со директорката на основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“  и група граѓани на селото Драгоманце во соработка со тимот на Форум – Центар за стратешки истражувања и документација денеска беа дел од акцијата „Активни граѓани за добро владеење“. Во рамки на еко акцијата беше расчистен училишниот двор, поставена нова ограда и други активности.

– Денеска во нашето училиште се одржува еко акција поддржана од проектот на УСАИД со поддршка од тимот од Форум во кој што го добивме проектот . во апликацијата беа напоменати расчистување на училишниот двор заедно со старата ограда, замена на старата ограда,  а тука спаѓаат и двете капии пред спортското  училиште и ученичкиот дом кое што го има училиштето, исто така и таму старата ќе биде заменета со нова капија. Тука се сите ученици,  и  од подрачните училишта и учениците од нашето централно училиште , поддршка добивме и од Општина Старо Нагоричане, Советот на општината, вработените се во полн ек заедно со нашите ученици, изјави изјави Анета Станковиќ -Јанковска , директор на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ , с.Драгоманце

Со оваа акција, Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје се стреми да ги информира и поттикне граѓаните да влијаат на процесот на донесување одлуки на локално ниво за што биле организирани обуки за претставници на локалните самоуправи од сите плански региони во Република Македонија, младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции, медиуми. Обуките се наменети за сите кои покажуваат интерес за проширување на своето знаење на теми поврзани со мониторинг на локалната самоуправа и активирање на граѓани за решавање на локални проблеми. По обуките, учесниците добиваат можност да реализираат локални иницијативи за подигнување на свеста за решавање на тековните проблеми во нивниот регион или заедница, посочува Александар Писарев од Форум.

-Ние реализираме еден голем проект на УСАИД кој се однесува на граѓанско учество односно граѓани за добро владеење. Целта на проектот е на некој начин да ја подигнеме на повисоко ниво граѓанската партиципација, што е еден од условите генерално за демократијата. Проектот го реализираме во сите осум плански региони во РМ, опфатени се многу општини, училишта, невладини организации, а основна цел е да се активишто поголем број граѓани. Во некои општини тоа го реализираат граѓански организации, во некои општини училиштата, важно е што поголем број на граѓани  да бидат вклучени во активностите кои се од значење за општината и за нивната микро средина. Само на тој начин може да влијаат подоцна на донесувањето на одлуките на локално ниво бидејќи праксата покажува дека воглавно општинските раководства донесуваат одлуки во еден потесен круг , а ова отвора можност граѓаните активно да учествуваат во донесувањето на одлуки и во решавање на локални проблеми, изјави Александар Писарев од Форум.

Денешната еко акцијата во централното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“  се одржа под мотото „Правам, да се загадува – не давам“.

Инаку, учениците повеќе пати во текот на учебната година заедно со наставниците се вклучени во повеќе еко – активности .

-Во врска со еко акција нашето училиште секогаш е инволвирано во овие активности интерно и надвор од нашето училиште во разни проекти. Така што учениците се инволвирани во рециклирање на материјали и сето тоа го применуваат во различни продукти кои што можат да се видат внатре во училиштето како експонати од нивната рака направени, изјави Анета Станковиќ -Јанковска , директор на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ , с.Драгоманце

Директорката посочува дека училиштето во блиска иднина ќе аплицира за уште неколку проекти кои што се однесуваат на екологијата.

Во „Христијан Тодоровски Карпош “ учат вкупно 70 ученици од прво до деветто одделение.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)