ЕКСТРА МЕИН со нов продажен салон во Куманово

Компанијата за месна индустрија Екстра меин со нов продажен салон во Куманово. Клиентите, редовните потрошувачи на производите на Екстра меин од утре ќе може да ги купат омилените производи на уште една локација во градот, веднаш под соколанскиот парк .

ЕКСТРА МЕИН е познато име во прехранбената индустрија, компанија која успешно работи во доменот на преработка на месо и производство на сувомесни производи. Во своите речиси две децении постоење компанијата разви и усвои софистицирана технологија за преработка на месо, со што е постигнат еден префинет и препознатлив вкус на секој наш производ.

EKСТРА МЕИН го има имплементирано меѓународниот систем за производство на безбедна храна.

Коментари

коментар(и)