Жаклина Јовановска, aктуелната градоначалничка на Старо Нагоричене од СДСМ, повторно ја доби поддршката од граѓаните да ја води општината уште еден мандат.
Јовановска го победи противкандидатот Власте Димковиќ од ТМРО, во вториот круг на локалните избори со разлика од 200 гласа.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) Јовановска освоила 55,58 отсто или 1.076 гласови, додека Димковиќ 41,89 или 811 гласови.