Жителите на Долно Којнаре на социјалните мрежи реагираат на одлуката за отворање авто-пазар во нивното место на живеење.
Во реакцијата, меѓу другото се вели:
-Дали некој ги праша жителите на Долно Којнаре дали се согласуваат со отворањето на авто-пазар во нивната населба?
-Дали беше спроведено јавно истражување, анкета или јавна расправа за тоа како ова ќе влијае врз секојдневниот живот на луѓето кои живеат тука?
Веќе со години, секојa недела кога се одржува пазарот за стари работи (бувљак), жителите се соочуваат со сериозни проблеми.
Јавно бараме:
– транспарентност во носењето на одлуките,
– јавно мислење и вклучување на жителите,
– јасен и обврзувачки план за сообраќај, паркинг простор, ред и чистење,
– гаранции дека нема да страда населбата…