Осумнаесетгодишен жител на липковското село Никуштак удрил во 21-годишна девојка од Куманово со својот автомбил „голф“, по што побегнал од местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во незгодата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила кумановката констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.