ЖРК Куманово утре го пречекува ЖРК Скопје

Ракометарките на Куманово утре го пречекуваат составот на ЖРК Скопје во рамките на јубилејното 10. коло од домашниот шампионат за дами.

Кумановки влегуваат како апсолутен фаворит во мечот, по досегашните седум победи од девет одиграни натпревари.

Мечот се игра утре со почеток во 15:30 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Коментари

коментар(и)