Во дворот на државното средно училиште „Киро Бурназ“ неделава беше организиран завршен настан на проектот ,,Систем за собирање на дождовница ” од UP Shift процесот. Пред присутните гости беше претставен системот кој што беше изработан од нашите ученици координирани од нивниот ментор Мартин Јовановски.
„Целиот процес започна на почетокот на учебната година и се одвиваше низ повеќе фази, следен и контролиран од невладината LOAD, во соработка со МОН и БРО. Нашите ученици на свој начин ја покажаа својата визија за борба со климатските промени и користење на природните ресурси за промена на околината“, посочуваат од училиштето „Киро Бурназ“ .