Загина 71-годишен кумановец во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.
Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека денеска во 13.00 часот било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош, кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило и патничко моторно возило „пежо”, управувано од Б.С.(71) од Куманово.
Од здобиените повреди, на местото починал Б.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.