Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален внес на 200.000 евра, кои унгарски државјанин не ги пријавил при влез во државата, објави директорот на Царинската управа Бобан Николовски.
Според Николовски, при детална контрола на возилото, девизите биле пронајдени сокриени во повеќе торби и куфер, распоредени на различни места во возилото.
„Согласно Законот за девизно работење, на патникот му се вратени дозволените 10.000 евра, додека 190.000 евра се задржани. Против лицето е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. Контролите продолжуваат, a законите важат подеднакво за сите“, објави Николовски.