Започнаа подготовки за изградба на кружен тек на крстосницата помеѓу „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“

Сообраќајниот метеж во градот општина Куманово ќе го решава со изградба на неколку кружни текови.

Деновиве е отпочната подготовка на теренот за изградба на новиот кружен тек на крстосницата помеѓу булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска Револуција“, во близина на Митев мост. Проектот ќе чини 36,5 милиони денари, а градежните работи се планира да започнат во март месец.

Ова е првиот од ветените пет нови кружни текови на клучни локации во градот. Градоначалникот Максим Димитриевски во својата програма „За наше Куманово“ најави изградба на кружни текови и на крстосницата помеѓу улиците „Бајрам Шабани“ , булеварот „ Трета МУБ“ и улицата „Гоце Делчев“(локалитет Серава), нов кружен тек на крстосницата меѓу булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Доне Божинов“ ( во близина на бензинската пумпа Макпетрол), кружен тек на крстосницата помеѓу „Трета МУБ“ и улицата „Тоде Мендол“ ( кај градскот пазар) и на крстосницата помеѓу „Октомврска револуција“ и улицата „Видео Смилевски Бато“ (влез во село Проевце).

Во програмата не се наведени конкретните термини за реализација на проектите.

 

Коментари

коментар(и)