Започна втората фаза за замена и инсталација на водомери

Јавното претпријатие Водовод – Куманово отпочна со втора фаза од проектот за замена и инсталација на куќни, комбинирани, индустриски и ултразвучни водомери и нивна интеграција во системот за далечинско отчитување во системот за водоснабдување на Општина Куманово.

Со цел намалување на загуби на вода предвидено е на 20 карактеристични позиции на водоводниот систем на Куманово да бидат поставени преносни ултразвучни мерачи на проток и притисок.

Заедно со протокомерите ќе се инсталира и софтвер за зонски мониторинг, со што во реално време ќе биде следена хидрауликата на водоводниот систем на Куманово и ќе се детектираат сектори каде има загуба на вода. Со набавените два гео-корелатори и два геофони, прецизно ќе се детектираат протекувањата кои екипите на ЈП Водовод ефикасно и навремено ќе ги санираат.

Коментари

коментар(и)