Утре и во среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.
Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места кој изнесува 8.851, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти.
Студентите во државната квота се запишуваат со плаќање надомест за студиите, во износ од 200 евра во денарска противвредност, студентите во квотата за кофинансирање и вонредните плаќаат школарина од 400 евра.
Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, а запишувањето на примените кандидатите ќе биде на 3 и 4 септември.
Вториот рок за пријавување за упис на УКИМ ќе биде на 10 и 11 септември и третиот на 23 септември на факултетите на кои ќе останат слободни места.
Првиот рок за упис на кандидати во прва година додипломски студии за академската 2026-2027 година на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип ќе трае на 19, 20 и 21 август.
Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 26 август, конечните решенија за прием на 31 август, а запишувањето на примените кандидати ќе се одвива на 1, 2 и 3 септември.