Во организација на КУД „Панче Пешев” – Куманово вечерва започнува традиционалната манифестација Меѓународен фолклорен фестивал, која ќе трае до 20 август годинава.
На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе настапат културно – уметнички ансамбли од Македонија, Србија, Романија, Полска и Мексико.
Фестивалот е под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам на РСМ.