Утре во периодот од 08:00 до 14:00 часот прекини во снабдување со електрична енергија ќе има кај корисниците од улицата „Трајко Јовановски“ (шумски пат).
Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат жителите на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“, а од 09:00 до 11:00 часот без електина енергија ќе останат селата Косматац, Мургаш, Пезово, К’шање, Кокошиње и Кутлибег.
Прекини во снабдувањето ќе има и задутре, кога од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе остане дел од населбата Карпош, поточно место викано „Трлиште“, како и објектите „Мока пром“, и рестораните „Дион“ и „Центро Палас“.
Станува збор за најавени прекини во напојување со електрична енергија.