Поради планирани дефекти утре (05.02.2025 г. ) од 10 до 14 часот без напојување со електрична енергија ќе биде дел од улицата „Ѓорче Петров“, околу месарницата Екстра Меин, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи врз основа на добиени податоци од ЕВН.
Исто така, утре во периодот од 07.45 до 10 часот без струја ќе останат корисниците на улиците: „Борис Кидрич“, „Карл Маркс“,„Пробиштипска“, „Димитрије Туцовиќ“ и улица „Киро Фетак“.