И денеска колони на најфрекфентните гранични премини „Табановце“ и „Богородица“ можат да се забележат на камерите кои ја пренесуваат реалната состојба која е и вообичаена за летната сезона.
Од Авто мото сојузот на Македонија информираа дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
„Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица за излез од државата и Табановце за влез во државата. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, стои во соопштението од АМСМ.