ЗНАМ со кандидат на претседателските избори

Градоначалникот на Општина Куманово и лидер на новоформираната политичка партија ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски на следните избори кои се очекува да се одржат во мај следната година, најави дека ќе излезат со свој кандидат за претседател, покрај учеството со пратеничка листа на парламентарните избори, очекувајќи сериозна поддршка од сите граѓани во државата, кои се за слога, напредок и просперитет. Политичкиот субјект ЗНАМ потенцира Димитриевски, има намера да биде следниот субјект кој ќе ги носи одлуките во државата и ќе ги диктира условите на следната влада.

Коментари

коментар(и)