Куќа изгоре вчеравечер во село Облавце, општина Старо Нагоричане, информираат надлежните од Регионалниот центар за управување со кризи. Според РЦУК, причина за настанатиот пожар е електричната инсталација во домот. Од удар од гром во истото село опожарени биле и електричен столб и струјомер, а во селото Драгоманце гром предизвикал пожар на дрво и сува трева.
Пожар на објект и сува трева предизвикан од електрична енергија е регистриран и во селото Винце, а пожарникарите интервенирале на запалена плевна и сува трева во Горно Којнаре.
Помали интервенции на опожарена сува трева имало и во Шупли камен, Лојане и Ваксинце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.