Изложба „Мини минијатури“ на Валентина Илијевска

Во четврток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се отвори изложбата „Мини минијатури“ на авторката Валентина Илијевска. Се работи за збирка на четириесеттина минијатури работени во периодот од последните неколку години.

Илијевска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности- Скопје. Оддел графика и графички техники. Магистрирала конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Во моментов е на докторски студии при Институтот за македонска литература-Скопје на катедрата на Културолошки студии.

Од 2000 година учествува на неколку групни изложби и ликовни работилници, а има добиено и неколку награди, признанија и дипломи. Од 2010 година активно учествува на многубројни ликовни колонии како низ државата така и надвор од неа; Србија, БиХ, Словенија, Египет, Шведска Полска, Кореа, Индија и др.

Живее и работи во Куманово како конзерватор и реставратор при Кумановско-Осоговска Епархија во дел за заштита на културното наследство.

Изложбата ќе биде поставена до 15-ти јануари идната година.

Коментари

коментар(и)