Изложба на Марија Величковска во Центарот за култура

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“  во петок со почеток во 19 часот ќе се отвори изложбата “Распетие на светлината“ од авторката Марија Величковска.

Изложбата содржи 26 слики коишто се работени во изминатите три години и претставува нејзин трет тематски циклус на самостојно презентирање на најновата сликарска продукција.

Проектот е финансиски подржан од Министерството за култура на РС Македонија.

Коментари

коментар(и)