Вечерва со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики на авторот Michael Close. Се работи за најновата продукција на дела ( 25 слики ) од овој автор, работени во рамките на повеќегодишниот проект „Сликарството на патот на хуманоста“.
Michael Close е канадски уметник со македонски корени. Роден е во Торонто.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 14 септември.