СВР Куманово информира дека вчера во 12.41 часот во СВР Куманово, 78- годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 16.000 денари.
Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле, заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани, но лицето го оставило пријавителот да чека и заминал во неговиот дом, каде што ги побарал парите од неговата сопруга.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Куманово вчера било пријавено дека на улицата „Кирил и Методиј“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу двајца кумановци на возраст од 38 и 44 години.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.