Илиевски од Тоде Мендол: Детска градинка и решение за гимназијата „Сами Фрашери“

Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Куманово оствари средба со граѓаните од населбата Тоде Мендол, заедно со потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, при што истакна дека граѓаните од оваа населба конечно ќе добијат детска градинка и конечно има решение за училиштето „Сами Фрашери“.
Илиевски потенцираше дека концептот на СДСМ за едно општество за сите е на дело во Куманово.
„Нас не поврзува една заедничка цел, модерно европско Куманово, младите да ни останат тука, со висок животен стандард и чиста животна средина. Индустриските зони да станат провлечни за странски и домашни компании, младите да се вработуваат во технолошки компании. 12 години власт на ДПМНЕ добивме само две тениски игралишта и ништо друго“, рече Илиевски.
Кандидатот за градоначалник, Илиевски ги истакна проектите за оваа населба како што се водоводна мрежа, изградба на 1 км мини шеталиште покрај поток Серава, изградба на мини парк со две детски катчиња и мултифункционално игралиште.

 

Коментари

коментар(и)