Инвестиции од милион евра за Крива Паланка

Над еден милион евра инвестира Владата на РМ во изградба на неколку локални патни правци и канализациона мрежа со пречистителни станици во селото Мождивњак во Крива Паланка. Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев во придружба на градоначалникот Арсенчо Алексовски , денеска го означи стартот на градежните активности за изградба  на патот  во селото Жидилово во должина од еден километар и алтернативниот пат или т.н. руски пат  од Варовиште до манастирот Свети Јоаким Осоговски долг два километри,  каде што присуствуваше и митрополитот кумановско -осоговски г.Јосиф. Реализацијата на огромниот број проекти досега во Крива Паланка се должи токму на добрата соработка помеѓу локалната и централната власт, потенцираше градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Со овие два проекта патувањето ќе биде многу побрзо, нема да има оштетувања на возилата,  ќе има поголема безбедност за возачите и големо значење за развојот на туризмот, рече Димитриев.

Техничкиот премиер Димитриев оствари и средби со граѓаните. Благодарни се што Владата вложува во патната инфраструктура во градот, а особено се задоволни професионалните војници што трајно е решен нивниот статус.

Во изминатите години, Владата на РМ за развојот на Крива Паланка издвоила над три милиони евра. Инвестициите значеа реализација на голем број проекти со кои трајно се решија сериозни проблеми на граѓаните од Крива Паланка и околните населени места, рече Димитриев. Toj информираше дека наскоро ќе започнат да се реализираат  нови инфраструктурни проекти во вредност од над еден милион евра.

 

 

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)