Во организација на НУ Музеј Куманово од денеска до петок се одржува третата Меѓународна конференција посветена на археоастрономската опсерваторија Кокино. Под наслов „Свети места низ времето: Археологија, ритуал, религија“ на конференцијата учествуваат повеќе од 30 истражувачи од земјава, од повеќе европски држави и од Северна Америка, кои што ќе ги споделат своите најнови откритија и толкувања за свети места. Конференцијата се одржува во спомен на археологот Јовица Станковски, најпознат по откривањето, истражувањето и промовирањето на мегалитската опсерваторија Кокино (Татиќев Камен) во 2001 година.
Конференцијата се одржува во комплексот Етно село Тимчевски.
