Со одлука на Советот, усвоен е Акциски план за зелена инфраструктура на Општина Куманово 2027 – 2031 година. На седницата акцискиот план го образложи директорот на Центарот за развој на Североисточниот регион, Младен Протиќ.
„Акциониот план е дел од активностите кои центарот како проектен партнер на Општина Куманово и на Општина Ќустендил ги спроведува преку ИНТЕРЕГ програмата за прекугранична соработка со Р.Бугарија. Центарот ги спроведува т.н. меки мерки, изработена е заедничка стратегија за зелена инфраструктура за прекуграничниот регион, истакна Младен Протиќ, директор на Центарот за развој на Североисточниот регион.