Претставата „Чичко Кумплунг“ на Театар Куманово утревечер ќе биде изведена на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје, а е дел од серијата гостувања на националните театри во чест на одбележувањето на 80-годишнината на Драмски театар. Претставата е во режија на Јани Бојаџи, работена по текст на Сашко Насев.
„Чичко Кумплунг“ е култен лик од македонскиот филм „Самоуништување“, а станува збор за црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија во 90-тите години.
Во претставата настапуваат: Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска-Величковски, Владанка Крстевски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички и Жарко Јовановиќ.
Фото: НУЦК „Трајко Прокопиев“- Куманово