Секторот за внатрешни работи информира дека вчера попладне на ул.„Индустриска“ полициски службеници лишиле од слобода 29-годишен жител на с.Черкези, кумановско. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.