Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчеравечер во 20:30 часот, полициски службеници лишиле од слобода 39-годишен кумановец. Според полицијата, тој се сомничи дека изминатиот викенд на булеварот „Октомвриска револуција“ со употреба на сила влегол во деловни објекти и одземал предмети и пари.
-Лицето било приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.