Исчезна 69-годишна жена, случајот пријавен во полицијата

64-годишниот кумановец Т.Ц. вчеравечер во 22 часот и 30 минути во СВР Куманово пријавил дека од домот во Скопје се оддалечила неговата сестра С.Ц. (69).

Според него, Сања Цаневска има здравствени проблеми, а од домот во близина на Железничката станица во Скопје се оддалечила околу 20 часот.

Доколку некоја ја види или препознае да го извести семејството на тел. број 076/ 608 – 312 или во најблиската полициска станица.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштува Секторот за внатрешни работи Куманово.

Коментари

коментар(и)