И во Куманово камери за сообраќајни прекршоци

Камери кои ќе снимаат и фотографираат сообраќајни прекршоци ќе има во неколку градови низ Македонија.

Куманово, Скопје, Тетово, се меѓу првите каде што ќе бидат поставени. Во Скопје дел се веќе активни, но се уште во тест фаза. Полицијата официјално се уште не казнува за прекршоците регистрирани на камерите.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на брифинг со новинари најави дека ќе има и мобилни камери кои може да се постават насекаде низ државата каде ќе има потреба.

Колку чини овој систем и која е фирмата која го реализира, нема да биде соопштено со јавноста оти станувало збор за класифицирана информација.

Коментари

коментар(и)