И во малата сала во „Борис Трајковски“ вакцинирање без термин

Од денеска, за ковид вакцинација е отворена малата сала во „А1 арената Борис Трајковски“ во Скопје, и секој може  да се вакцинира без да закаже термин, информира Министерството за здравство. Вакцинацијата и ревакцинацијата продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата.

Министерството вчера предупреди дека се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста и апелираше до младите лица да се вакцинираат.

Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, со „Фајзер“, со закажан термин.

Коментари

коментар(и)