И во Старо Нагоричане и Липково помалку жители од пред две децении

За 27 отсто е намален бројот на жителите на општина Старо Нагоричане во споредба со резултатите од пописот спроведен пред 20 години.

Според минатогодишното пребројување, во оваа рурална средина живеат вкупно 3.501 жител, додека бројката во 2002 година изнесувала 4.840.

Во општината има повеќе мажи или вкупно 1.902, додека има 303 жени помалку или вкупно 1.599.

Според етничката припадност во оваа општина има вкупно 2.513 Македонци, 585 Срби, 13 Албанци, тројца Роми и петмина припадници на други заедници.

Во проценти, 71,78 отсто се Македонци, 17,77 отсто се Срби, 0,37 се.

И Општина Липково бележи помалку население споредбено со пописот од пред две децении.

Според минатогодишното пребројување, во оваа општина живеат вкупно 22.308 жители, додека бројката во 2002 година изнесувала 27.058.

Во оваа општина има повеќе жени или вкупно 11.104 мажи и 11.204 жени.

Според етничката припадност во оваа има вкупно 21.560 Албанци, 33 Македонци, еден Турчин, по четворица Срби и Бошњаци и пет припадници на другите заедници.

Инаку, резултатите од пописот објавени вчера покажаа дека Кумановое најголема општина во Македонија,но сепак бројката на жителите е под 100.000, односно 98.104 жители. Пред две децении во Куманово броело 105.484 жители.

 

Коментари

коментар(и)