ВИДЕО: И годинава ќе нема концерти на плоштадот

И годинава како и претходните на градскиот плоштад нема да се одржат новогодишни концерти. Од Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово информираат дека нема потреба од настани кои предизвикуваат сериозни трошоци, а претходните искуства покажале дека граѓаните не се заинтересирани за такво нешто.

метаме дека повеќе финансиски средства треба да се одвојат за организација на фестивали и концерти во летниот временски период, кога реално постојат услови за тоа. Па, така, во програмата за културни манифестации веќе скоро една деценија не се предвидуваат финансиски средства за ваквите настани-велат од Фондацијата за култура и спорт.

Доколку граѓаните во некоја блиска иднина покажат интерес за новогодишна прослава на отворено, фондацијата како и локалната самоуправа ќе се обидат да ги исполнат очекувањата и потребите.

Но, без оглед на тоа што и годинава нема новогодишна програма, односно, концерт за Нова година, Фондацијата, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово предвидено богата, новогодишна културно – уметничка програма, почнувајќи од 23-ти декември кога во просториите на Занаетчиски дом со почеток во 19:00 часот ќе се одржи предновогодишен концерт на Дарко Тодоровски. Веднаш потоа, на 27-ми со почеток во 12:00 часот, предновогодишен концерт на ученици при нижото музичко училиште „Панче Пешев”. На 28-ми со почеток во 19:00 часот, предновогодишен концерт на „Бисерчиња” и на 29.12 со почеток во 12:00 часот, интерактивна и едукативна новогодишна претстава „Каде е Рудолф!?”.

Сите настани кои ќе се одржат во затворено, со бесплатен влез во просториите на Занаетчискиот дом – Куманово, а во рамките на истите следува изненадување за сите деца и пристигнување на Дедо Мраз.

Коментари

коментар(и)