И денеска не профункционира линискиот превоз во кумановско

Се уште неизвесно е кога ќе профункционира јавниот линиски превоз во кумановско. Жалбената постапка од страна на превозниците траеше до денеска, 26 јануари 2022 година. Според информациите од општина Куманово, поднесени се жалби од превозниците и допрва надлежната комисија треба да ги разгледува, но не се прецизира кога.

Претходно, надлежните на седница на Советот нагласија дека процесот за поднесување жалби за превозниците трае до 26-ти месецов, па доколку нема пријави, превозот може да започне да функционира, но само за 19 линии. За останатите пет линии за кои не било аплицирано, но и за две за кои не била доставена целосна документација, ќе се распише нов оглас.

Во секој случај, додека се разгледуваат жалбите, граѓаните на Куманово продолжуваат да се снаоѓаат за превоз и финансиски да го оптоваруваат семејниот буџет. Кумановци сметаат дека општината задоцнила со изборот на превозници и не смеела да дозволи град со над 100.000 жители да остане без општински линиски превоз.

 

Коментари

коментар(и)