Казнети над 140 возачи изминатата седмица на подрачјето на Куманово

Над 140 возачи биле казнети во текот на изминатата седмица на подрачјето на Куманово, соопшти МВР.

– Во текот на изминатата недела, СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно  142  мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 24  санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, 11 за  управување возило без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Биле изречени казни и за 14 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи, 6 санкции за мотоциклисти за неносење заштитен шлем и 2 санкции за возачи кои управувале нерегистрирано возило.

Коментари

коментар(и)