На територијата на СВР Куманово вчера од 08.00 до 14.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 41 возачи. Од нив, 18 на територијата на Куманово, 13 на подрачјето на Крива Паланка и 10 во Кратово. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, инфомираат надлежните.
Казнети четириесетина возачи на подрачјето на СВР Куманово
