Министерството за внатрешни работи спроведе во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 127 возачи.
Од нив, 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место, соопшти МВР.