КБК Предатор освои пет медали на 20. WAKO Балкан опен турнир, кој се одржа во Тешањ, Босна и Херцеговина. Клубот настапи со шест натпреварувачи, кои остварија успешен резултат со еден златен, три сребрени и еден бронзен медал.
Највисокото одличје го освои Павел Јакимовски, кој триумфираше во дисциплината лајт контакт, во категоријата до 69 килограми за почетници.
Сребрени медали освоија Данило Методиевски во лајт контакт, категорија до 71 килограм, Марио Радевски во лајт контакт, јуниори до 79 килограми, и Анди Љатифи во лајт контакт, постари јуниори до 81 килограм.
Со бронзен медал се закити Михаил Младеновски, кој настапи во дисциплината К-1, во категоријата постари јуниори до 75 килограми.
Тренерите Оливер Милорадовски и Јован Крстевски добија пофалница од организаторот за учеството на турнирот.
Фото: КБК Предатор