КК Куманово загуби од „Еуро Никел“

Кошаркарите на Куманово може да жалат, затоа што во десет минути прокоцкаа двоцифрена предност и доживеаја пораз од Еуро Никел (78-79) во дербито на колото во македонскиот кошаркарски шампионат.

Кумановчани водеа со десет поени предност на самиот влез на последниот период (69-59), но кризата во нападот и многуте грешки му дозволија на Еуро Никел да ги однесе бодовите за Кавадарци во драматична завршница.

 

Коментари

коментар(и)