Ковачевски: Цената на лебот се намали, очекувам намалување и на другите цени на храната

За да им помогнеме на граѓаните и на компаниите, обезбедивме фиксна цена и на струјата за фирмите производители на основните прехранбени продукти, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Тој истакна дека мерките кои ги презема Владата,  се насочени постојано да го подобруваат живот на граѓаните и да зголемуваат нивниот животен стандард посебно во услови на криза вродуваат со плод.

– Цените на храната почнаа да паѓаат, се намали цената на лебот, очекуваме да се намалат цените на брашното, месото, млекото, и другите основни производи за 10 отсто во многу брзо време, додаде Ковачевски.

Коментари

коментар(и)