Фондацијата за култура и спорт ја објави музичката програма по повод 505 години постоење на нашиот град насловена „МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПЕЕ ЗА КУМАНОВО“.
На градскиот плоштад, на 10 ноември, со почеток од 20 часот пред куманската публика ќе настапат 22 изведувачи за сите генерации и од сите жанрови на музиката.
Според Фондацијата, концертот ќе биде поделен во четири етапи и тоа: блок на локални уметници, блок на фолк изведувачи, блок на поп-рок изведувачи и блок на рап-трап изведувачи.
Концертот вообичаено ќе заврши со неколкуминутен огномет.