Во Занаетчискиот дом вчеравечер се одржа музичка вечер со настап на учениците и нивните професори од Училиштето за основно музичко образование „Панче Пешев” од Куманово.
Пред љубителите на музичката уметност беа интерпретирани светски познати романси од Френк Синатра, Елвис Присли, Витни Хјустон и други.
Пред присутните се обрати директорката на училиштето Сандра Зојчевска.